Исто колку и жените, за естетско разубавување заинтересирани и мажите
Исто колку и жените, за естетско разубавување се заинтересирани и мажите. Сакаат да изгледаат помлади отколку што се. Им се придружуваат и малолетници. Во пресрет на новогодишните празници најпопуларни се третманите за сјај на кожата...

До каде се спремни да одат жените за да ги сокријат годините? Да се изгледа помладо и поубаво – тренд кој го наметнаа холивудските ѕвезди, а го прифатија жените во целиот свет. Се оди до таму што и малолетни лица сакаат да го изменат својот личен опис.
Во пресрет на новогодишните празници најпопуларни се третманите за сјај на кожата.
Естетските третмани меѓу кои ботоксот и хијалуронот како најпопуларни не се привлечни само за жените.
Апликација на витамини и пилинзи во дваесеттите години, ќе го задржат тонусот и еластичноста на кожата, а со тоа ќе спречат понатамошни скапи процедури и агресивни методи за подмладување, вели д-р Михајловска која беше прогласена за Жена менаџер за 2025 година.
Александра Спировска
