Временска прогноза
Сончево и студено време со мала до умерена облачност
29.12.2025 08:05
Утрото ќе биде ведро и многу студено, додека преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност...

Утрото ќе биде ведро и многу студено, додека преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од-9 до-2 степени, а дневните максимални ќе достигнат меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до-6 степени, а дневната ќе достигне околу 6 степени.
