Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се финансиските планови на Македонска радио-телевизија за 2025 година и за 2026 година...

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се финансиските планови на Македонска радио-телевизија за 2025 година и за 2026 година.
Пратениците треба да го разгледаат Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2025 година со пренамена на средства, Годишната инвестициона програма на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија, Финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2026 година, како и Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2026 година со пренамена на средства.
