Случај „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека

29.12.2025 08:43

Во затворот „Идризово“, продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека. Треба да сведочат родителите на настраданите и повредените деца. Бараат правда, сомневајќи се дека докрај не се утврдени причините за смртта на нивните најмили и дека обдукциските наоди се нецелосни.

Во големата судница во затворот „Идризово“, продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека. Треба да сведочат родителите на настраданите и повредените деца. Бараат правда, сомневајќи се дека докрај не се утврдени причините за смртта на нивните најмили и дека обдукциските наоди се нецелосни.

Бараат дополнително вештачење и токсиколошки анализи. На последното рочиште, сведокот на обвинителството, прв сосед на дискотеката, рече дека кобната вечер бил со синот пред клубот, па кога избил пожарот, евакуирал дваесетина гости.

Одбраната на Александар Нацев пак, тврдеше дека обвинетиот Александар Нацев бил консултант, а не газда на фирмата за обезбедување „Рубикон“, како што се наведува во обвинителниот акт.