Денеска пред пратениците новиот закон за Судскиот совет
Од Министерството за правда укажуваат на недоволна транспарентност и отчетност, постоење на одредено политичко влијание врз работата на судски, што ја поткопува довербата во неговата независност, правни празнини или недоволно прецизирани критериуми за избор и оценување на судиите.

Во Собранието, пред пратениците новиот закон за Судскиот совет, во второ читање. Од Министерството за правда укажуваат на недоволна транспарентност и отчетност, постоење на одредено политичко влијание врз работата на судски, што ја поткопува довербата во неговата независност, правни празнини или недоволно прецизирани критериуми за избор и оценување на судиите.
Целта со новиот закон е како што велат, воспоставување јасна, транспарентна и правично регулирана рамка, како гарант на независноста на судската власт, но истовремено и да се обезбеди одговорност и доверба од јавноста.
Одредени забелешки и препораки во извештајот наведе и оценската мисија на Европската Унија.
