Косово

Убедлива победа на Курти на вонредните парламентарни избори во Косово

29.12.2025 10:16

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, прогласи победа на вонредните избори во Косово со освоени речиси 50 насто од гласовите...

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, прогласи победа на вонредните избори во Косово со освоени речиси 50 насто од гласовите.

На второто место е Демократската партија, на трето Демократскиот сојуз. Српска листа, најголемата партија на косовските Срби која има поддршка од Белград, освои 3,86 насто од гласовите.

„Би сакал да им се заблагодарам на граѓаните на Косово, а исто така и на опозициските партии за нивната кампања и за признавањето на резултатите од изборите овој пат. Очекувам соработка со опозицијата во врска со некои меѓународни договори што се во тек, а за нив ни е потребно двотретинско мнозинство. Се радувам на продолжувањето на третиот мандат како премиер на Република Косово и ќе служам со сето мое знаење и способности, според нашата програма и со мојот одличен тим, во следните четири години“, изјави косовскиот премиер, Албин Курти.

Вонредните избори беа одржани откако, по редовните избори во февруари, на кои Самоопределување исто така освои најмногу гласови, но партиите не успеаја да формираат влада.