Кина почна нови воени вежби околу Тајван
Претседателскиот кабинет на Тајван ги осуди најновите воени вежби на Кина во близина на островот, нарекувајќи ги сериозна закана за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и поширокиот Индо-пацифички регион.

Претседателскиот кабинет на Тајван ги осуди најновите воени вежби на Кина во близина на островот, нарекувајќи ги сериозна закана за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и поширокиот Индо-пацифички регион.
„Целните воени вежби спроведени од Кинеската народноослободителна армија околу Тајван не само што грубо го поткопуваат статусот кво на безбедноста и стабилноста во Тајванскиот теснец и Индо-пацифичкиот регион, туку претставуваат и очигледен предизвик за меѓународното право и меѓународниот поредок. Силно ги осудуваме кинеските власти за непочитување на меѓународните норми и заканување на соседните земји со воено заплашување“, изјави Карен Куо, портпаролка на кабинетот на претседател на Тајван.
Кинеската војска соопшти дека маневрите со кодно име „Мисија на правдата 2025“, вежби се за заштита на земјата.
„Ова е строго предупредување против сепаратистичките сили за независност на Тајван и е легитимна и неопходна акција за заштита на суверенитетот и националното единство на Кина“, изјаци полковник Шји Ји, портпарол на Источната театарска команда на Народноослободителната армија.
Вежбите следат откако Пекинг изрази незадоволство поради продажбата на оружје од страна на САД на територијата и изјавата на јапонскиот премиер, Такаичи, во која се вели дека нејзината војска би можела да се вклучи доколку Кина преземе мерки против Тајван.
