Утрово најстудено во Крушево, измерени -8 степени

29.12.2025 09:19

Утрово во земјава преовладува ведро и многу студено време, со температури кои во поголемиот дел од градовите се спуштија под нулата...

Утрово во земјава преовладува ведро и многу студено време, со температури кои во поголемиот дел од градовите се спуштија под нулата. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниска температура од-8 степени е измерена во Крушево.

Веднаш зад Крушево, со измерени-7 степени се Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка. Во Тетово, Пожаране и Берово термометарот покажа-6 степени, додека во Претор, Охрид и на Попова Шапка се измерени-5 степени.

Во Скопје, на мерната станица Петровец се измерени-3 степени, додека кај Зајчев Рид температурата изнесувала-2 степени. Најтопло утрово е во Гевгелија со измерени 3 степени над нулата.