Македонија

Ладен бран од север за новогодишната ноќ ни носи сув студ без снег

29.12.2025 19:00

Територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу ладна и сува воздушна маса од север која ќе услови да имаме многу ладно и суво време со многу ниски температури на воздухот...

Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно и суво време со слаб до умерен ветер од северен правец и ведро време без облачност и без врнежи од снег. Тоа значи дека ќе имаме сув студ за време на новогодишната ноќ. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу ладна и сува воздушна маса од север која ќе услови да имаме многу ладно и суво време со многу ниски температури на воздухот.

За време на новогодишната ноќ температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од-10 до-3 степени а на повисоките населени места и на планините температурите може да се спуштат и под-10 степени. Во Скопје и околината за време на новогодишната ноќ температурата ќе се спушти до околу -5/-6 степени.

Суво и ладно време ќе имаме и на 1 јануари 2026 година и тоа значи дека во новата 2026 година ќе влеземе со многу ладно и суво време и со сув студ без врнежи од снег.