Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
Најефикасен на дуелот беше Филип Кузмановски со 7 голови, додека најдобар играч на дуелот беше голманот на Хрватска Дино Славиќ со 15 одбрани.

Македонската машка ракометна репрезентација вчеравечер претрпе пораз во контролниот дуел со Хрватска (подмладен состав) во Пореч со 26:23 (14:11). Ова беше првиот подготвителен дуел за македонските ракометари за Европското првенство 2026.
По изедначениот почеток резултатот последен пат беше нерешен 7:7 во 15 минута, а потоа Хрватска направи серија од 5-1 и во 24.минута резултатот беше 12:8. На стартот од вториот дел противникот ги имаше и највисоките +5 (16:11), но избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја во последните десет минути да намалат и на еден негатива. Сепак Хрватска не дозволи изедначување на резултатот.
Најефикасен на дуелот беше Филип Кузмановски со 7 голови, додека најдобар играч на дуелот беше голманот на Хрватска Дино Славиќ со 15 одбрани.
Македонскиот национален тим уште два дена останува во Пореч каде ќе тренира, а по Нова година ќе следува нов собир и подготовки во Скопје. Од 8-10 јануари македонската репрезентација ќе учествува и на турнир во Швајцарија каде ќе одигра три натпревари пред заминувањето за Хернинг, Данска.
