Турција

Убиени тројца турски полицајци за време на акција против Исламска држава во провинцијата Јалова

29.12.2025 19:24

Тројца турски полицајци се убиени, а деветмина ранети за време на акција против Исламска држава во провинцијата Јалова, јужно од Истанбул.

Тројца турски полицајци се убиени, а деветмина ранети за време на акција против Исламска држава во провинцијата Јалова, јужно од Истанбул. Антитерористичката операција следува откако пред една беа приведе 115 припадници на екстремистичката група, кои наводно планирале напади за време на божиќните и новогодишните празници.

Исламска држава во последниве години изврши низа смртоносни напади во Турција, меѓу кои и пукањето во ноќен клуб во Истанбул за време на дочекот на Новата година на први јануари 2017 година.