РКЕ

Повисоки цени на горивата од полноќ

29.12.2025 14:27

Од полноќ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, БС-98 ќе се продава за 72,50 денари, а дизелот за 65 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 отсто.

Од полноќ, цените на бензините Еуросупер БС-95 и БС-98, како и на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари, БС-98 ќе се продава за 72,50 денари, а дизелот  за 65 денари за литар.

Мазутот поскапува за 1,042 денари по килограм и ќе се продава по цена од 33,649 денари.

РКЕ нагласува дека станува збор за максимални цени и дека трговците можат да понудат и пониски износи.