Игор Станишев и Кристијан Стефановски прогласени за најдобар пожарникар и полицаец во Скопје
Признанијата денеска ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Игор Станишев е избран за најдобар пожарникар, а Кристијан Стефановски за најдобар полицаец во Скопје за 2025 година. Признанијата денеска ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Станишев, командир на одделение во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, е награден за долгогодишната храброст и пожртвуваност во бројни интервенции, при што биле спасени човечки животи и спречени големи материјални штети.
Признанието за најдобар полицаец му припадна на Кристијан Стефановски од ПС Карпош, по предлог на СВР Скопје, за неговата посветеност, професионализам и конкретни резултати во полициската работа.
За најдобар крводарител е прогласена Виолета Гиноска, предложена од Црвениот крст, која има повеќе од 45 доброволни дарувања на крв.
Ѓорѓиевски истакна дека овие признанија се доказ дека храброста, чесноста и хуманоста се вредности што го прават Скопје посигурно и похумано место за живеење.
