Театар

Приказната на МНТ се испишува веќе 80 години

29.12.2025 16:01

Преполни сали, а во нив некогаш радост и смеа, некогаш сочувство и тага. Актерите во македонските театри успеваат да предизвикаат емоции кај секој кој седи спроти нив на столчето. Интересот за театарските претстави станува сè поголем, од најмлади до највозрасни, а карти за некои претстави се чекаат и со месеци. Приказните веќе 80 години ги раскажува МНТ…

Како и сите приказни, така и Македонскиот народен театар има своја приказна која се испишува, се раскажува и трае веќе 80 години.

МНТ е приказна која почна да се ткае веднаш по ослободувањето на Скопје во 1944-та, за идната пролет да се крене завесата за премиерната изведба на претставата „Платон Кречет“. Театарскиот критичар Тодор Кузманов, вели предрасуда е дека театарот треба да биде актуелен, суштината на драмската уметност е многу подлабока и посуштествена.

Билетите за претставите во сите театри во земјава се распродадени месеци однапред, седиштата се исполнети до последно.

Во годинава која одминува, освен театрите, актуелна е и алтернативната театарска сцена. Сите со значајни автори и наслови, Македонија ја доближија до европските уметности.

Александра Спировска