Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност
Според министерката за финансии, целта е долгот да доспее во различен временски период за да се обезбеди подобра ликвидност во финансирањето на обврските, но и да одржи стабилноста на јавните финансии на подолг рок.

Наместо да се задолжи наеднаш со една еврообврзница на меѓународниот пазар на стартот следната година, Владата ќе издаде две. Ќе го подели износот со различен рок на доспевање. Според министерката за финансии, целта е долгот да доспее во различен временски период за да се обезбеди подобра ликвидност во финансирањето на обврските, но и да одржи стабилноста на јавните финансии на подолг рок.
Допрва се прават анализите околу рочноста на задолжувањето по втората половина на јануари, се бара модел за поголема атрактивност кај инвеститорите на секундарниот пазар.
В година од државната каса ќе се плаќа и износот на обврзницата од 2020-тата, во износ од 700 милиони евра.
