Кривичен суд

11 години пресуда за прегазувањето на Југослав Николовски

29.12.2025 16:46

11 години затвор за моторџијата кој на пешачка патека го прегази пензионерот Југослав Николовски. Тој одговара и за уште едно дело, неукажување на помош при несреќата...

11-годишна затворска казна за Фатон Љури, кој пред околу половина година, во сообраќајна незгода, му нанесе тешки телесни повреди на Југослав Николовски, од кои тој подоцна почина. Љури управувал со мопед, без возачка дозвола, без регистарски таблици, со неприлагодена брзина во пешачка зона.

Љури останува во притвор до правосилноста на пресудата и покрај барањето на одбраната, мерката притвор да се замени со куќен притвор.

За ова тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, Љури призна вина уште на самиот почеток на постапката, додека во однос на обвинението за второто дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, тој се изјасни како невин. Затоа, за ова кривично дело се води посебна постапка, која е во тек.

Марија Котовска