Ѓуровски: Верувајте во себе! Играте за Македонија!
Секој почеток носи многу ведрина, убави желби, високи амбиции, симбол е на позитивни надежи и очекувања. Така и македонскиот национален фудбалски тим е пред отворање ново поглавје во дведецениската историја. На бреговите на Медитеранот почнува создавањето наша нова фудбалска репрезентација. Нов циклус, нова иднина.

Таков е лајт-мотивот во македонскиот репрезентативен табор во базата Ел Солер покрај Валенсија. Пет дена селекторот Бошко Ѓуровски ги спојува коцкичките од мозаикот којшто сака да го состави за достоинствен влез во новата евроквалификациска авантура. Почетокот не можеше да биде потежок, но токму затоа и предизикот е огромен. Двобојот со бранителот на европскиот наслов токму сега е силна инспирација за нашите играчи.
Токму во квалитативната предност на Шпанците во секој можен поглед, селекторот настојува одличен аргумент за создавање на клучниот елемент којшто сака да го вгради во националниот состав. Смета дека и поединечно и тимски ни треба силна самодоверба којашто би била основа за се што би можело да се постигне на теренот.. „Верувајте во себе. Без тоа ништо не сме направиле“. Оваа мантра постојано им ја повторува деновиве на играчите, како придружен декор на неговите тактички поединости, коишто би требало да се веќе усвоени.
Повредата на Хасани на вчерашниот тренинг малку му ги наруши замислите на селекторот, па поинаку ќе го конципира средниот ред од тимот. Тактичките задачи се поделени, генералните идеи се познати, преостанува да се спроведат во дело. На крајот, сепак се ќе се решава на терен. Од „Сиудад Валенсија“ стадионот Македонија утре ќе заплови кон Франција, посакуваното одредиште по 14-месечната квалификациска авантура.