Дедо Мраз им подели пакетчиња на 300 дечиња од згрижувачки семејства
300 дечиња од згрижувачки семејства го пречекаа Дедо Мраз кој им додели пакетчиња и му ги кажаа желбите за идната година. Министерството за социјална политика прави системски промени за поголема заштита на социјалните семејства...

На перонот на Железничката станица во Скопје повеќе од 300 дечиња од згрижувачките семејства ја почувствуваа празничната еуфорија. Општествено одговорни компании, во организација на Министерството за социјална политика, ги израдуваа со новогодишни пакетчиња и подароци. Гледаа претстава и му ги кажаа своите новогодишни желби на Дедо Мраз.
Радост и насмевки на децата коишто беа присутни денеска на железничката станица. Ја осетија празничната магична атмосфера. Имаа можност да се возат со воз до Илинден и назад.
Заменик-министерот за социјална политика Велковски истакна дека се прават и системски промени за подобра заштита од државата и подобар систем во социјалната заштита.
Во системот засега има 376 згрижувачки семејства.
Ана Јосифоска
