Транспорт

Денеска во Влада ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој

30.12.2025 08:58

Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, а ќе присуствуваат и претставници на ЕБРД, на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт.

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, а ќе присуствуваат и претставници на ЕБРД, на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски минатата недела информираше дека обезбедени се 21 милион евра од ЕБРД, со кои ќе бидат набавени најмалку пет нови електрични локомотиви, со цел модернизирање на Македонски Железници и опслужување на карго превозот.