Киев негира напад врз резиденцијата на Путин
Украина ја обвини Русија дека ги саботира мировните преговори по тврдењата за напад со дронови врз резиденцијата на Путин во Новгород...

Украина ја обвини Русија дека ги саботира мировните преговори по тврдењата за напад со дронови врз резиденцијата на Путин во Новгород. Зеленски ги отфрли како лаги кои Русија ги користи како изговори за ескалација.
„Со нивната изјава дека наводно била нападната некоја нивна резиденција, тие во суштина го подготвуваат теренот за извршување напади, веројатно врз главниот град и веројатно владини згради“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
Кремљ најави одмазднички одговор додека ја преиспитува својата позиција во мировните преговори.
„Позицијата на Русија ќе биде преиспитана. Американците треба да го разберат ова. Земајќи го предвид државниот тероризам што го спроведува Киев, Руската страна не може да стори поинаку“, изјави Јуриј Ушаков – Советникот за надворешна политика на Кремљ.
Трамп изјави дека е многу лут за наводниот напад на Киев откако ден претходно оцени дека Украина и Русија се поблиску од кога било до мировен договор, иако сè уште работат на клучните прашања, вклучувајќи го и статусот на Донбас.
