Средба Трамп-Нетанјаху во Флорида
Трамп-Нетанјаху во Флорида без конкретен напредок за мировниот план во Газа, но САД се надеваат на брзо спроведување на втората фаза од договорот...

Средбата Трамп-Нетанјаху во Флорида без конкретен напредок за мировниот план во Газа, но САД се надеваат на брзо спроведување на втората фаза од договорот, заканувајќи се дека Хамас ќе плати пеколна цена ако групата не се разоружа наскоро.
Двајцата останаа поделени околу Западниот Брег, додека Трамп упати остри предупредувања кон Иран, најавувајќи можни нови напади доколку продолжи со ракетната програма. Нетанјаху, пак, го пофали пријателството со САД и најави награда за Трамп за неговиот огромен придонес за Израел и еврејскиот народ.
„Ако Хамас не се разоружат како што се согласија да го сторат тоа -ќе биде пекол за нив. Мора да се разоружат наскоро. Водевме долга дискусија и за Западниот Брег и не би рекол дека се согласуваме 100 проценти, но, ќе дојдеме до заклучок“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.
„Трамп е извонреден во своето пријателство и поддршката за Израел. Во неговите принципиелни ставови и подготвеност да се пробие до суштината на работите. Мислам дека имаме ненадминливо партнерство“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.
Пред средбата во САД, Хамас уште еднаш соопшти дека нема да се откажат од оружјето, нагласувајќи дека тоа треба да се случи заедно со напредокот кон независна палестинска држава.
