Двајцата напаѓачи на плажата Бонди во Австаралија дејствувале сами
Тие престојувале на Филипините, но не добиле обука за нападот, кој се третира како терористички чин...

Австралиската полиција соопшти дека двајцата напаѓачи на плажата Бонди дејствувале сами и не биле дел од терористичка ќелија. Тие престојувале на Филипините, но не добиле обука за нападот, кој се третира како терористички чин.
„Првичната проценка од филипинската национална полиција е дека лицата ретко го напуштале хотелот и нема докази што укажуваат дека биле обучени или подложени на логистичка подготовка за нивниот напад, како ни дека биле дел од поширока терористичка ќелија или биле наложени од други да извршат напад. Но, не сугерирам дека биле таму за туризам“, изјави Криси Барет – комесар на австралиската федерална полиција.
Полицијата потврди дека нападот е третиран како терористички чин, а истрагата сè уште е во тек.
