Гранични премини

И денес блокади на граничниот премин Евзони

30.12.2025 11:31

И денес, грчките сточари и земјоделци планираат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон нашата држава. Овој потег ќе резултира со застој во сообраќајот за сите видови возила при влез и излез од Грција, во временските интервали...

Како и претходните три дена, така и денес, грчките сточари и земјоделци планираат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон нашата држава. Овој потег ќе резултира со застој во сообраќајот за сите видови возила при влез и излез од Грција, во временските интервали од 11 до 15 часот по македонско време (12 до 16 часот по грчко време) и од 17 до 21 часот (18 до 22 часот по локално време).

Се предвидува земјоделците да ги укинат блокадите од утре до петок, поради одбележувањето на новогодишните празници. Целта е да се олесни патувањето на граѓаните, слично како што беше случај и минатата седмица за време на Божиќ. Во сабота, пак, ќе одржат заеднички состанок на кој ќе ги утврдат своите следни дејствија.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, откако започнаа на 30 ноември. Причините за нивното незадоволство се зголемените трошоци за производство и ниските цени на продажба на нивните производи, како и проблемите поврзани со европските земјоделски субвенции. Нивното главно барање е навремена исплата на заостанатите субвенции.