Јемен

Саудиска Арабија го бомбардираше Јемен

30.12.2025 10:38

Саудиска Арабија го бомбардираше пристанишниот јеменски град Мукала тврдејќи дека цел била пратка оружје наменета за сепаратистичкиот Јужен преоден совет...

Саудиска Арабија го бомбардираше пристанишниот јеменски град Мукала тврдејќи дека цел била пратка оружје наменета за сепаратистичкиот Јужен преоден совет, која наводно пристигнала од Обединетите Арапски Емирати.

Според Ријад, оружјето било истоварено од бродови што ги исклучиле уредите за следење. Нема потврда за жртви, ниту за вмешаност на други армии. Нападот се оценува како нова ескалација на тензиите меѓу Саудиска Арабија, сепаратистите и Емиратите.