МВР

Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација

30.12.2025 11:37

Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско, информираат од МВР...

Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.