Македонија
Целосен прекин на сообраќајот Струга - Ќафасан поради превртена цистерна
30.12.2025 12:34
Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата...

Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, информираат од МВР.
Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста, соопштуваат од Министерството.
