Македонија

Измените на Законот на јавно обвинителство на владина седница

30.12.2025 12:57

Измените на Законот на јавно обвинителство на владина седница. Ресорниот министер Филков очекува по Нова година да го поминат и собранискиот филтер. Со нив, се поставуваат построги критериуми за разрешување јавен обвинител…

Позитивната оценка од Венецијанската комисија му даде зелено светло на Законот за јавно обвинителство за влез во владина процедура. Се работи за речиси нов закон меѓу кој се издвојуваат постапката за избор на републичкиот јавен обвинител, дисциплинската постапка и оценувањето на работата на обвинителите.

Постапката за избор на јавниот републички обвинител, сите кандидати ќе мора да испратат биографија и програма која јавно се објавува на веб-страницата на Министерството, потоа Советот на јавни обвинители доставува позитивно мислење за оние кандидати за кои смета дека се соодветни за изборот.

„Друга суштинска промена е во однос на оценувањето на сите јавни обвинители кое за разлика од претходниот закон каде се предвидуваше оценување на четири години и разрешување по три последователни негативни оценки и оценување предвидува на секој три години редовно оценување на обвинителите и доколку обвинителот добие негативна оценка после една година има вонредно оценување и доколку добие негативна оценка тогаш тоа е основ за негово разрешување“, велат од Министерството.

Со новиот закон се воведува и градација на дисциплински постапки од лесен до најтежок вид при што само оние од најтежок степен ќе значат основ за разрешување. Првостепените ќе се одвиваат пред комисија, второстепените пред советот и ќе бидат јавно објавувани. Исто така разрешувањето на претседателот со гласање на минимум шест.

Ресорното министерство очекува во следниот период на дневен ред во Владата да се најде и Законот за Совет на јавните обвинители. Во однос на финансиите се воведува и нов механизам за обезбедување на исплатата на 0,4 проценти од буџетот. Во реформскиот сет закони од ресорното министерство ги најавуваат и Законот за пробација, за извршување на санкциите и за здруженија со кои се предвидени клучни измени.

Фиљана Кока