Возилата да се сервисираат, МВР ги засили контролите

07.09.2014 17:05

Кај 23 илјади 616 возила на подрачјето на Скопје, утврдена неисправност. Дел исклучени затоа што не се регистрирани, дел за техничка неисправност. Контролата е спроведена врз 98 илјади возила од почетокот на годината...

Голем број сообраќајни незгоди се случуваат поради неисправност на возилата. МВР со засилени контроли. Кај 23 илјади 616 возила на подрачјето на Скопје, утврдена неисправност.  Дел исклучени затоа што не се регистрирани, дел за техничка неисправност. Контролата е спроведена врз 98 илјади возила од почетокот на годината.

„Оваа година исклучени од сообраќај се вкупно 1.920 возила, 12 насто повеќе од ламни“, вели Марија Јаковлеска – портпарол на МВР.

И перцепцијата на граѓаните е дека во сообраќајот се присутни неисправни возила.

„Од 30 до 40% се добри возила што се возат, останатото е старои неисправно. 90 % исправни се. Се возат и исправни и неисправни.Сега се поригорозни контролите во сообраќајот, мислам дека се исправни“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Од институциите надлежни за технички преглед велат дека неисправните возила неможе да добијат зелено светло за регистрација. Се советуваат за отстранување на дефектот. Строго се почитувале правилата.

Доколку се констатира неисправност,  ние на нашите клиенти ги советуваме што треба да направат, поправка на возилото, па повторно да се вратат и да ја проверат исправноста. Ако е технички исправно возилото, значи процесот на регистрација е дозволен, во спротивно возилото се враќа“, велат од АМСМ.

Дека навистина поминале на технички преглед возилата,доказ регистрираат  камерите кои мора да се  поставени во просторијата.Снимките се чуваат како гаранција. 

„Старите возила се поподлежни на оштетувања и неисправности и затоа се врши детален преглед и таквите работи им се укажуваат на возачите и од нив се бара да ги санираат во предвиден рок“, вели Сашко Кимов – технички директор на ПСС.

Само техничкин исправно возило и внимателно возење ќе ве однесат до посакуваната цел, апелирраат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. Предупредуваат, при регистрација, возачите  да инсистираат на технички преглед на возилото за кое  плаќаат, но и санирање на дефектите. Старите возила почесто да се контролираат.

„Без оглед на околностите, секогаш да управуваат со технички испоравни возила. Единствено така може да биде гарантирано безбедно учество во сообраќајот“, смета Тоше Јанев од РСБСП.

Дилема нема. Пред да тргнете на пат возилото мора да се провери, но и мора  да се биде совесем возач за да се надминат несреќите.

Наташа Гркова-Петрушевска