Тоалетна хартија
Во спортот на највисоката технологија и перфекција ретко кој може да замисли дека понекогаш и тоалетната хартија може да има значаен удел.
Токму тоа го побара возачот на Мерцедес Нико Розберг кому при брзина од околу 320 километри на час му пукна гума за време на тестирањето во Бахреин.
„Возев со максимална брзина од околу 320 километри на час,гумата експлодира без предупредување. Сега ми треба малку тоалетна хартија...“- напиша Розберг на својот Твитер профил.

Бидејќи резултатите и настаните на тестирањата на Пирели се држат во најголема тајна, по само неколку часа розберг ја тргна објавата, но веќе сите знаеја што се случило.
Од Пирели мораа да го потврдат инцидентот со напомена дека тоа се случува и дека за тоа се тестовите што ќе продолжат според планираниот календар.