Се кратат роковите за увоз на половни автомобили
Автомобили со стандард на моторот Еуро 2 ќе можат да се увезуваат до крајот на годинава, додека автомобили со мотор Еуро стнадард 3 до средината на идната...

Од 1 јули наредната година во Македонија ќе можат да се увезуваат само возила со мотор Еуро стандард 4. Се кратат роковите за внесување половни автомобили од странство, реши Владата. Автомобили со стандард на моторот Еуро 2 ќе можат да се увезуваат до крајот на годинава, додека автомобили со мотор Еуро стнадард 3 до средината на идната.
„Целта на овие мерки е да се напарви нова динамика, да се изврши трансформација, реобнова на возниот парк во Македонија. Возила кои немаа стандарди или имаа 0 и 1 се заменија со возила со еуро стнадард 2 и 3, а нив ќе ги заменат понови со повисоки стандарди“, вели портпаролот на Владата, Алексанадар Ѓориѓиев.
Измени ќе има и за увоз на автобуси и минибуси. За да се обнови возниот парк, но и да се подобрат условите за транспорт.
„Потребно е да се овозможи увоз на автобуси и минибуси, со стнадард на мотор Еуро 3 во периодот не подолг од една година од моментот на носење на правната регулатива која ја уредува оваа дејност“, додава Ѓорѓиев.
Од Владата објаснуваат дека со досегашните мерки, возниот парк е обновен, социјалниот момент е задоволен, прастарите автомобили се тргнати од патиштата. Новите правила треба да ја зголемат безбденоста и да придонесат кон заштитата на животната средина.
Наташа Јанчиќ
