Засилени контроли во угостителството, изречени казни од над 2,8 милиони денари
Во овој период биле извршени вкупно 542 инспекциски контроли, при што кај дел од објектите биле утврдени неправилности. Поради прекршоци, издадени се 96 прекршочни платни налози во вкупен износ од 2.823.870 денари...

Државниот пазарен инспекторат во текот на декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти низ целата држава, со цел проверка на почитувањето на Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушењето.
Во овој период биле извршени вкупно 542 инспекциски контроли, при што кај дел од објектите биле утврдени неправилности. Поради прекршоци, издадени се 96 прекршочни платни налози во вкупен износ од 2.823.870 денари, како и 26 мерки за привремена забрана за вршење дејност.
Од Инспекторатот најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, особено во пресрет на празниците, и упатуваат апел до угостителите да ги почитуваат законските обврски во работењето.
