Последни подготовки за најлудата ноќ
Скопје во претпразнична атмосфера. 13-метарската елка го краси градскиот плоштад, каде што вечер во 20 часот ќе почне организираната прослава и дочекот на новата година. Ќе настапат исклучиво пејачи од македонската естрада.

Ги одбројуваме последните часови од оваа година. Скопје во претпразнична атмосфера. 13-метарската елка го краси градскиот плоштад, каде што вечер во 20 часот ќе почне организираната прослава и дочекот на новата година. Ќе настапат исклучиво пејачи од македонската естрада.
Организаторите најавуваат концепт кој ќе ги задоволи вкусовите на сите возрасти. Граѓаните ги прават последните подготовки за највеселата ноќ. Најголем дел велат дека ќе ја пречекаат во домашна атмосфера. На терен и полицијата и службите на итната медицинска помош.
Од МВР со апел до граѓаните, да не пукаат петарди и да не се претерува со алкохолот. Годинава нема да има организиран огномет од Град Скопје.
