Нетанјаху: Иднина во Газа по разоружување на Хамас
Нетанјаху изјави дека предложените Меѓународни сили за стабилизација би можеле да станат реалност во 2026 година, како и нова влада во Газа, ако Хамас се разоружа...

Израел објави дека ќе запре неколку хуманитарни организации да работат во Газа во рок од 36 часа бидејќи ги исполниле новите барања за предавање на лични податоци на палестинскиот и меѓународниот персонал распореден во енклавата.
На листата се и Меѓународниот комитет за спасување и Лекари без граници. Израелскиот премиер по средбата со Трамп, го негираше извештајот на американските медиуми дека намерно ја одложува следната фаза од прекинот на огнот во Газа.
Во интервју за „Фокс Њуз“ Нетанјаху изјави дека предложените Меѓународни сили за стабилизација би можеле да станат реалност во 2026 година, како и нова влада во Газа, ако Хамас се разоружа.
