воен конфликт

Се истражува можен напад на резиденцијата на Путин

31.12.2025 09:18

Украинскиот министер за надворешни работи истакна дека Русија сè уште не доставила веродостојни докази за тврдењата...

Руските и украинските претставници разменија обвинувања околу тврдењата на Москва дека Украина се обидела да ја нападне резиденцијата на рускиот лидер во северозападна Русија со 90 беспилотни летала со долг дострел, речиси веднаш по разговорите на Трамп со Зеленски во неделата. Амбасадорот на САД во НАТО вели дека се нејасни ваквите тврдења.

„Украина добива беспилотни летала и ракети секоја вечер во својот главен град, а се што можат да направат е да возвратат. Ми се чини малку неделотворно да се биде толку блиску до мировен договор, а Украина навистина сака да постигне мир, а потоа да направи нешто што би се сметало за неодговорно или некорисно. Значи, ќе стигнеме до дното на разузнавачките информации, и за мене, најважно е што ќе кажат разузнавачките служби на САД и нашите сојузници за тоа дали овој напад навистина се случил или не“, изјави Метју Витакер, амбасадор на САД во НАТО.

Украинскиот министер за надворешни работи истакна дека Русија сè уште не доставила веродостојни докази за тврдењата. Портпаролот на Кремљ рече дека наводниот украински напад имал за цел да ги спречи напорите на претседателот Трамп да промовира мирно решение на војната.