Македонија

Сообраќајот кон ГП Ќафасан уште е во прекин во двата правци

31.12.2025 09:46

Вчера, 30 декември, кон пладне, цистерна се преврте на патот, блокирајќи го пристапот до Ќафасан од Струга...

Сообраќајот кон ГП Ќафасан уште е во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Вчера, 30 декември, кон пладне, цистерна се преврте на патот, блокирајќи го пристапот до Ќафасан од Струга.

Од друга страна, утринава, 31 декември, отворен е за сообраќај магистралниот пат А3 Штип-Кочани кој беше во прекин од 20.30 часот вчера поради сообраќајна несреќа. Две повредени лица се однесени во штипската меѓу селата Долни Подлог и Тракање.

Од вчера, од 15:00 часот, има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола, при што сообраќајот е пренасочен по регионалниот пат Р1101.