Перу: Жртви и повредени во судир на два воза
Меѓу повредените имало перуански и меѓународни туристи. Националната полиција соопшти дека е починат машиновозачот на еден од возовите. Полицијата ја истражува причината за несреќата...

Едно лице загина, а 30 се повредени при судар на два воза што сообраќале кон археолошката област Мачу Пикчу во Перу. Меѓу повредените имало перуански и меѓународни туристи. Националната полиција соопшти дека е починат машиновозачот на еден од возовите. Полицијата ја истражува причината за несреќата.
„Според прелиминарните информации, дошло до судир на возови. Истрагата е во тек и ќе испратиме специјализирана полиција за да ги утврдиме околностите и степенот на одговорност што можеби придонеле за овој судир“, изјави Генерал Хулио Сезар Бесера, началник на регионот Куско на Националната полиција на Перу.
