Немири по укинатите субвенции за нафта
Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми против стотици демонстранти кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да стигнат до централниот плоштад каде што се наоѓаат Владата и Собранието...

Боливиските рудари се судрија со полицијата, на осмиот ден од уличните протести во Ла Паз против укинувањето на субвенциите за гориво, што доведе до зголемување на цените на бензинот.
„Претседателот ги укина субвенциите за бензин и дизел што ги држеа цените замрзнати повеќе од 20 години. Боливија ги увезува овие горива поради ниското локално производство, што ја влоши и онака најлошата економска криза со која се соочи земјата во последните четири децении“, изјави возач.
Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми против стотици демонстранти кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да стигнат до централниот плоштад каде што се наоѓаат Владата и Собранието.
