Скопје доби нови споменици
Во пресрет на 8 - ми септември, и празнувањето на дваесет и третата годишнина од независноста, во главниот град на државата, на повеќе локации, се поставуваат споменици на македонски великани, посветени на Националната борба за независност на Република Македонија.

На аголот кај Универзитетската библиотека е поставено спомен – обележје на Пере Тошев, во негова близина е споменикот на Никола Петров – Русински, кај судска палата е поставен паметник на Андон Лазов Јанев – Ќосето, а се поставуваат споменици и на Ѓорѓи Сугарев, како и на генералот Михајло Апостолски кој се наоѓа на клучката кај хотелот Континентал.