Македонија

Мицкоски: 2026-та ќе биде година на раздвижување и преобразба

31.12.2025 10:41

Тој истакна дека годината што изминува била исполнета со сериозни предизвици, по долг период на нестабилност и разнишани институции, поради што било неопходно државата најпрво да застане на нозе.

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање порача дека 2026 година ќе биде година на раздвижување, раст и вкупна преобразба на државата, по периодот на стабилизација и консолидација во 2025 година.

Тој истакна дека годината што изминува била исполнета со сериозни предизвици, по долг период на нестабилност и разнишани институции, поради што било неопходно државата најпрво да застане на нозе.

Реформите што ги отпочнавме не се козметички, туку длабински и суштински. Тие бараат време, но се предуслов за функционална држава и здраво општество – нагласи Мицкоски.

Премиерот најави дека во 2026 година се очекува реализација на значајни инфраструктурни проекти, економско зајакнување, нови инвестиции, поддршка за стопанството и отворање нови можности за работа и развој.

2026 ќе биде година на надеж, но и на голема обврска – да се испорачаат резултати и да се оправда довербата од граѓаните – порача Мицкоски, посакувајќи им здравје, мир и сила на граѓаните во новата година.