Повредата на Јокиќ не е толку сериозна како што изгледаше на почетокот
31.12.2025 10:50
Во клупското соопштение се прецизира дека станува збор за хиперекстензија на левото колено.
Повредата на коленото на српскиот кошаркар Никола Јокиќ „не е толку сериозна како што изгледаше на почетокот“, објави неговиот клуб Денвер.
Во клупското соопштение се прецизира дека станува збор за хиперекстензија на левото колено.
Сепак, српскиот центар ќе биде надвор од терените најмалку четири недели, што значи дека Денвер ќе биде без својот најдобар играч околу еден месец.
Најдобриот кошаркар на Денвер го повреди левото колено на дуелот на гостински терен против Мајами.
Јокиќ оваа сезона има просек од 29,9 поени по натпревар и до повредата најдобар во лигата според бројот на скокови и асистенции.
