Апел за балансирана храна за празниците
Апели за внимателност со алкохол и без прејадување, за да нема здравствени проблеми. Кои се последиците од прекумерно користење на храна и пијалак?...

Нација како нашата која ужива во секој залак храна и голтка пијалак, особено за време на празниците, мора да научи да се контролира за да не дојде до здравствени последици. Најголемата грешка покрај изобилниот внес е и мешањето на намирниците, вели за МТВ нутриционистката Спасовска Мојсовска. Тоа ја загрозува целокупната кондиција на организмот.
Добро е трпезата полна со превкусни меса, колбаси, руска салата, баклави, торти, алкохолни пијалаци да се замени со храна со свежи ензими.
Нашата соговорничка со апел до младите и до родителите, да ги советуваат децата да уживаат во претстојните празници без прекумерно консумирање алкохол, што може да биде со несогледливи последици.
Фиљана Кока
