Македонија

Струмичани подготвени за дочекот на Нова година

31.12.2025 17:27

Во Струмица ќе нема организиран дочек на новата година но жителите од оваа општина ги прават последните подготовки за новогодишната ноќ каде почнаа предновогодишните забави …

Во струмичките кафулиња почна пред новогодишната еуфорија. Младите со музика и забава ја испраќаат 2025-та. Останатите ги прават последните подготовки за највеселата ноќ. Струмичани велат дека ќе биде скромно.

Освен по домовите и угостителските капацитети, добар дел од струмичани за новогодишната ноќ ќе бидат и надвор од земјава. И годинава на струмичкиот плоштад ќе нема организиран дочек на Новата година.

Во југоистокот, само во Гевгелија на плоштадот ќе има новогодишна забава.

Ване Трајков