Здравство

Првото бебе во 2026 е женско, се роди точно на полноќ

01.01.2026 08:19

Првото новороденче во 2026 е девојче. Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство...

Првото бебе во 2026-та е девојче. На свет дојде само неколку секунди по влегувањето во новата година, носејќи радост и надеж за нејзиното семејство и медицинскиот тим. Од Клиниката за гинекологија информираат дека и мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Ќе ги посетат министрите за здравство, за социјална политика, демографија и млади, градоначалникот на Скопје, директорот на Фондот за здравствено осигурување и сопругата на претседателот на Владата.

Министерот за здравство Алиу ќе го посети и првороденото бебе и на клиниката во Чаир.