Сиљановска-Давкова и Лафчиски во посета на велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“
Првиот ден од новата година, претседателката и врховен командант на оружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ги посети припадниците на Армијата, во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“...

Првиот ден од новата година, претседателката и врховен командант на оружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ги посети припадниците на Армијата, во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“.
Шефицата на државата ќе обиколи дел од капацитетите на командата за обука и доктрини, распоредени во касарната, а ќе ги посети и новопримените професионални војници, кои ја реализираат основната воена обука, по што ќе присуствува на заедничкиот ручек.
