Новогодишната ноќ во Украина мина во знак на тревога од масовни руски воздушни напади и жртви
Погодени се енергетски и цивилни објекти-велат украинските власти, додека мировните преговори остануваат заглавени во меѓусебните обвинувања на релација Москва-Киев...

Новогодишната ноќ во Украина мина во знак на тревога од масовни руски воздушни напади и жртви. Над 200 дронови биле лансирани во Доњецк, Запорожје, Харков и Суми. Погодени се енергетски и цивилни објекти-велат украинските власти, додека мировните преговори остануваат заглавени во меѓусебните обвинувања на релација Москва-Киев. Зеленски тврди дека 90 насто од договорот е завршен, но клучните 10 одлучуваат за се. Путин пак, вети победа во Украина, обраќајќи им се на војниците на фронтот. Истовремено американската централна разузнавачка агенција потврди дека Украина не ја таргетирала резиденцијата на Путин во Новгород, доведувајќи го во прашање тврдењето на Кремљ.
„Сакаме крај на војната, а не крај на Украина. Дали сме уморни? Екстремно. Дали тоа значи дека сме подготвени да се предадеме? Оние кои мислат така, длабоко грешат. Повлечете се од Донбас и сè ќе заврши, така звучи измамата кога се преведува од руски на украински. Дали некој сè уште им верува? За жал. Премногу често вистината сè уште се избегнува и се нарекува дипломатија, иако е едноставно лага во тужби. Намерите мора да станат безбедносни гаранции. И да бидат ратификувани од Конгресот на САД, од европските парламенти, од сите партнери. Се надевам дека мирот е близу, поможен од кога било, и дека сме способни заедно да го обезбедиме“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
„Ја презедовте одговорноста да се борите за вашата родна земја, за вистината и за правдата. Милиони луѓе низ Русија, се со вас во оваа новогодишна ноќ. Им честитам на сите наши војници и команданти за претстојната Нова година. Веруваме во вас и во нашата победа“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
