Регион

Бугарија од денеска официјално го воведе еврото

01.01.2026 11:44

Националната валута лев е заменета по фиксен курс од 1 евро за 1,95 лева, по години подготовки и исполнување на европските економски критериуми...

Официјално од денеска Бугарија го воведе еврото со што стана 21-та членка на еврозоната. Националната валута лев е заменета по фиксен курс од 1 евро за 1,95 лева, по години подготовки и исполнување на европските економски критериуми. Во текот на јануари ќе се користат и двете валути, а кусурот ќе се враќа во евра, додека цените ќе бидат двојно прикажани.

Од 1-ви февруари еврото станува единствено легално средство за плаќање, што се оценува како важен чекор кон поголема економска стабилност и интеграција во Европската унија.