традиција

Новогодишен концерт на Виенската филхармонија

01.01.2026 19:00

Се емитуваше во над 150 земји, го следеа околу 50 милиони телевизиски гледачи ширум светот. Годинава под диригентската палка на маестро Јаник Незе-Сегуин. На првиот ден од годината концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика...

Спој на класична музика, балет и гламур – новогодишното утро не може да помине без виенскиот концерт во Златната сала на Музиквераин. Се емитуваше во над 150 земји, го следеа околу 50 милиони телевизиски гледачи ширум светот. Годинава под диригентската палка на маестро Јаник Незе-Сегуин. На првиот ден од годината концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика.

Традиционално завршува во ритамот на маршот Радецки од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945 година, а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.