Избор на спортист за 2013

Номинациите познати, лауреатите на 9 јануари

19.12.2013 16:27

Не е трофеј од големите манифестации, но токму успесите на меѓународната сцена водат до посакуваното признание во кариерата на  секој спортист-„Спортист на годината“ .

Изборот во организација на Агенцијата за спорт и млади ќе биде одржан на 9 јануари во 20 часот и 15 минути, а ќе го пренесува Македонската телевизија.

Во 9 категории номинирани се 25 спортисти и репрезентации кои со своите резултата оставија белег на годината што останува зад нас.

Во конкуренција за престижното признание „Спортист на годината“  се : Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров кој ја предводеше нашата селекција до настап на европското првенство во Данска, носителот на златен медал од светското првенство во кик бокс Димитар Ѓорѓиев и бронзениот од европското првенство во традиционално карате Дејан Недев.

За најдобра спортистка конкурираат: Ракометарката на Вардар СЦБТ,Билјана Црвенковска,нејзината репрезентативна колешка Робертина Мечевска и Илина Арсова која го развеа македонското знаме на Монт Еверест.

Млад спортист на годината: Берат Јакупи, Филип Талевски и Љупче Коцев

Млада спортистка на годината: Сара Ристовска, Маријана Димоска и Лина Ѓорческа

Најуспешен машки национален тим: Ракометна репрезентација, кугларска репрезентација и карате репрезентација во кумите

Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација,карате-ката репрезентација и женска фудбалска репрезентација

Најуспешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојановски

Најуспешен тренер: Драган Атанасовски,Ивица Обрван и Марјан Соколовски

Најупешна федерација: Ракометна федерација, Кик бокс федерација и Карате федерација