Здравје

Како да разликувате грип од настинка

02.01.2026 10:12

Кај настинка, симптомите најчесто се поблаги и секојдневните активности се подносливи. Грипот, пак, започнува нагло и е проследен со силен замор, висока температура од 38 степени или повеќе, болки во мускулите и сува, упорна кашлица. Заморот може да трае и неколку недели...

Иако настинката и грипот имаат слични симптоми, грипот може да биде значително потежок и да доведе до компликации, па важно е навреме да се препознае разликата.

Кај настинка, симптомите најчесто се поблаги и секојдневните активности се подносливи. Доминираат течење или затнат нос, кивање и болно грло. Треската, ако ја има, обично е блага.

Грипот, пак, започнува нагло и е проследен со силен замор, висока температура од 38 степени или повеќе, болки во мускулите и сува, упорна кашлица. Заморот може да трае и неколку недели по повлекувањето на другите симптоми. Кај децата, често се јавуваат и гадење, повраќање или дијареа, што е ретко кај настинка.

Во двата случаи се препорачуваат одмор и внесување доволно течности, а при потешки симптоми потребна е консултација со лекар.