Понува расплетот во Њујорк
21 грен слем финале за Серена, 5 победи на Ју Ес опен, можност за трета последовна победа во Њујорк што ќе ја стави веднаш зад Крис Еверт која единствена во 70-тите 4 пати последовно го освојуваше престижниот турнир, но и да се израмни со неа и со Навратилова со 18 трофеи од Грен Слем турнирите.

21 грен слем финале за Серена, 5 победи на Ју Ес опен, можност за трета последовна победа во Њујорк што ќе ја стави веднаш зад Крис Еверт која единствена во 70-тите 4 пати последовно го освојуваше престижниот турнир, но и да се израмни со неа и со Навратилова со 18 трофеи од Грен Слем турнирите. По скромните настапи на претходните три, на 4-от грен слем американката игра моќен тенис, на претходните 4 меча во просек губеше само по 4 гема, остана на теренот нешто повеќе од 6 часа, незнае за загубен сет и се поблиску е до наградата од 4 милиони долари за победа заедно со бонусите. Но ќе треба да ја мине и Возниацки. Данската тенисерка по втор пат по 2009-тата е во финале на Ус опен, во дуелот со Серена влегува со сознанието дека има само 1 победа во 9-те меѓусебни дуели и дека ќе мора да нападне уште од почетокот на финалето бидејќи Серена речиси и незнае за пораз ако го освои првиот сет, само еднаш загубила во таква позиција на 79 меча.
Женското финале стартува во 22 и 30 како одличен вовед за неочекуваната завршница на машкиот дел од турнирот. Ниту најголемите оптимисти неможеа да прогнозираат дуел за трофејот меѓу Кеи Нишикоти и Марин Чилиќ. Но традицијата и постои за да биде нарушена, прв пат по 2005-тата во завршницата нема ниту еден од првите 4 носители, прв пат во отворената тениска ера 1-от и вториот носител загубиле во полуфиналето.Но заслужено, затоа што Нишикори против Ѓокович и Чилиќ во мечот со Федерер демонстрираа врвен тенис, неверојатна прецизност и стабилност , доволно за големи изненадувања и за двајцата прво големо грен-слем финале.Во него Нишикори ќе влезе со предност од 5-2 во меѓусебните дуели со Чилиќ. Хрватот славеше само во нивниот прв меч во 2008-та, Нишикори го доби последниот оваа година во Барселона со 6-1 и 6-3. Во машкото финале Нишикори-Чилиќ во битка за престижниот трофеј и за влез во историјата.